spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Највисока оценка за успешната трансформација на надворешната политика согласно новата улога

МНР: Највисока оценка за успешната трансформација на надворешната политика согласно новата улога

Денес, во Скопје, министерот за надворешни работи учествуваше на панел дискусијата насловена: „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните“, настан во организација на Секретаријатот за европски прашања, а по повод објавениот редовен Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година.

Министерот Османи беше панелист, заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик министерот за финансии, Филип Николовски и претставниците на граѓанскиот сектор, Ана Крстиновска од Естима и Андреја Стојковски од Преспа Институтот.

Поздравувајќи ги наодите во Извештајот на Европската комисија и позитивните оценки во сите области, министерот Османи го стави акцентот на највисоката оценка – многу добар напредок –за перформансите на надворешната политика на државата, потенцирајќи дека ова е единствениот сегмент кој ретко е оценет со оваа висока оценка.

Во своето обраќање, министерот Османи ја апострофираше потврдата од Европската комисија дека Северна Македонија е веродостоен партнер на Унијата преку вистинска посветеност на земјата кон вредностите на кои ЕУ е заснована.

“Уште еднаш ја потврдивме нашата цврста и непоколеблива стратешка определба – идно полноправно членство во Унијата. Сакам да потенцирам, дека ова не го направивме само за добиеме подобар Извештај од Европската комисија или за да го направиме нашиот силен “ЕУ случај“ уште поубедлив. Не, ја донесовме таа одлука бидејќи тоа беше правилната работа која требаше да се направи. Одлуката не беше ни малку лесна и знаевме дека доаѓа со низа последици од безбедносна, економска и енергетска природа.“, рече Османи.

На крајот од своето излагање, министерот Османи посочи на потребата од одлучност и посветеност во работата и во следниот период во насока на унапредување  на политичкиот дијалог со ЕУ и со земјите членки на ЕУ и продлабочување на регионалната соработка, особено во актуелните геополитички околности кои налагаат заеднички пристап и координација за справување со бројните предизвици на политички, безбедносен, социо-економски план.

„Се работи за еден природен процес на поместување на нашата надворешна политика согласно новата улога на земјата како НАТО – земја членка; со започнат Стратешки Дијалог со САД; претседавач со најголемата регионална организација ОБСЕ следната година и иден претседавач со ПСЈИЕ, регионалната иницијатива во Југоисточна Европа, со значаен придонес кон развојот и на регионот“, заклучи Османи.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...