spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Со 13 нови садници во Чаир одбележани 13 години дипломатски односи...

МНР: Со 13 нови садници во Чаир одбележани 13 години дипломатски односи со Косово

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, во паркот Чаир засадија 13 дрва по повод одбележувањето на 13 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Ќехаја за иницијативата, Османи истакна дека настанот на симболичен начин ги отсликува одличните добрососедски односи и традиционалното пријателство меѓу двете држави.

“Често повторувам дека Приштина и Скопје се и буквално најблиските главни градови на Балканот, симболизирајќи ги со тоа исклучително блиските односи меѓу Северна Македонија и Косово, но и блиските врски меѓу нашите граѓани“, нагласи Османи. Истовремено, потенцира Османи, оваа иницијатива е добра прилика за да се стави фокус на зелената агенда кој е еден од приоритетите на надворешна политика на земјава.

“Сме постигнале високо ниво на односите со Северна Македонија -одлична соработка, која во периодот што следи, убеден сум, ќе се зајакне уште повеќе” нагласи амбасадорот Ќехаја и се заблагодари за поддршката во интегративниот процес и членството на Косово во меѓународните организации.

На настанот присуствуваа и истакнати личности и интелектуалци, кои даваат значаен придонес во негувањето на односите помеѓу Северна Македонија и Косово.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...