Процедурално обраќање на пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, по повод изборот на Талат Џафери како дел од Претседателството на ДУИ.
„Уставот во член 67 вели дека функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
Според соопштението на вашата матична партија ДУИ, Вие сте избран како член на Централно претседателство.
Сакам да ве прашам, дали ќе си дадете сам ОСТАВКА на оваа фунцкија или ќе чекате ние да Ве пријавиме во Антикорупциска комисија, па така да си дадете оставка од партиската функција – бидејќи е неспоива со оваа функција на која седите?”