spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЕвропската комисија со негативен впечаток за економијата предводена од СДС и ДУИ

Европската комисија со негативен впечаток за економијата предводена од СДС и ДУИ

Извештајот за Република Македонија за 2022 година од страна на Европската комисија го потврдува лошото менаџирање на економијата на СДС и ДУИ.

Извештајот потврдува дека економските решенија предводени од страна на Владата не се доволни за раст и развој на економијата.

Ниската стапка на приходи во буџетот на Република Македонија е првиот значаен фактор кој го издвојува ЕК. Реформите во делот на даноци, кои Владата на СДС и ДУИ требаше да ги спроведе во 2021 година за поголема регулација на пазарот, а со тоа и поголемо одданочување на олигарсите во Македонија, сепак беше одложено до 2024-25 година.

Антикризниот сет на мерки, кои власта ги спроведе во 2022 година, не им помогнаа на најзагрозениот дел од граѓаните. Антикризниот сет на мерки беше изгласан без претходно планирање, иплементација и мониторинг на мерките предводени од Владата.

Левица уште на почетокот нагласуваше дека овој сет на мерки нема да им помогне на граѓаните за полесно да ја поминат економската криза. Антикризните мерки не вродија со плод, а тоа го потврдува и Европската комисија.

Транспарентноста и ефективноста на државната помош сѐ уште е на ниско ниво. Во 2021 година, владината помош изнесува 6.8% (што е помалку од 2020 година) и овие средства не ги задоволуваат основните потреби на компаниите и граѓаните за да ја надминат кризата.

Транспарентноста за работата на Владата и доделувањето на помошта останува на многу ниско ниво, а тоа генерира корупција и злоупотреба на буџетски средства.

Европската Комиција нотира дека главниот проблем на Република Македонија претставува енергетскиот сектор. Во 2021 година, 53.5% од потребата на електрична енергија државата ги добива преку отворен пазар (односно од приватни компании), а тоа јасно ја укажува потребата од зголемување на државното производство на електрична енергија.

Криминалот, корупцијата и непотизмот се единствените водилки на пробугарската гарнитура на власт – која е најголем причинител за тековната економска и енергетска криза со која е соочен народот.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...