spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: На Универзитетот во Тетово - Програма за размена на студенти, академски...

НАЕОП: На Универзитетот во Тетово – Програма за размена на студенти, академски и административен кадар – Еразмус+

Националната агенција за европски образовани програми и мобилност на ден 17.10.2022 на Универзитетот во Тетово, во просториите на Правен факултет, ја презентираше Програмата за размена на студенти, академски и административен кадар како и програмата КА2 Партнерства за соработка – Еразмус +.

На оваа средба, на која присуствуваа значителен број студенти и вработени на УТ, проректорот за меѓународна соработка, проф. Др. Шефик Шеху изјави дека во рамките на оваа успешна платформа за размена, Универзитетот во Тетово само оваа година испратил околу 80 студенти на различни европски универзитети, што значи наше силно позиционирање меѓу најпрестижните европски високообразовни институции.

Во меѓувреме, Александар Богојески и Арменд Лута од Националната агенција за европско образование и мобилност ги презентираа критериумите, можностите и иновациите што ги нуди оваа програма. Приоритетите на Еразмус + за периодот 2021-2027 година остануваат квалитетот во образованието и обуката, инклузијата и родовата еднаквост, зелената и дигиталната транзиција, како и зајакнувањето на соработката со стратешките партнери на глобално ниво. Еразмус + годинава ја зголеми поддршката за инклузија, што значи дека учениците со еден родител, учениците со ромска етничка припадност, како и студентите кои се корисници на

социјална помош ќе имаат дополнителни финансиски средства, односно покривање на трошоците до 100%.

Програмата Еразмус + е програма на Европската Унија, која финансиски поддржува низа активности во областа на образованието, обуката, младите и спортот, преку размена на студенти и академски кадар помеѓу различни европски универзитети.

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

АА: Соопштение за Институции во Јавниот Сектор

0
Почитувани, Со цел ефикасно и рационално спроведување на постапката за селекција за вработување на административен службеник и доследно применување на Законот за административни службеници и...