Дигиталните јавни услуги претставуваат олеснување за граѓаните и затоа МИОА посветено работи на зголемување и обезбедување на најефикасни и најкорисни е-услуги.
Преку центрите „Една точка за услуги“ на граѓаните им се достапни сите услуги кои се претставени во Националниот портал за Е-услуги, додека административните службеници се тука за да им помогнат да ги надминат тешкотиите при аплицирање за одредени документи.
Работиме на нови услуги и се залагаме да вклучиме што е можно повеќе институции на оваа платформа, а вреди да се напомене дека во текот на изминатите месеци беа додадени многу важни услуги како што се: услуги за пасоши, лични карти, возачки дозволи итн. Во меѓувреме и други институции, како што е Министерството за култура, ги пласираа своите услуги на оваа платформа.
За да се запознаете со природата и функционирањето на овие центри, погледнете го следното видео, додека сите услуги кои се веќе на услуга на граѓаните можете да ги најдете на линкот https://uslugi.gov.mk/
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација