Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити се сретна со ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје, г-дин Никола Јанкуловски.
Алити, заедно со ректорот, разговараа за предизвиците во идните планови, при што се осврнаа на прашањата и можностите за создавање поефикасен систем во администрацијата и давање услуги.
Тргнувајќи од фактот што ваквите институции директно влијаат на создавањето на нови професионални рамки, го прават уште почувствителен и поважен, затоа министерот Алити нагласи дека МИОА останува отворено за соработка и поддршка во реформите и позитивните промени.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација