spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Со Јордан со меморандум за соработка во земјоделието

МНР: Со Јордан со меморандум за соработка во земјоделието

Османи: Северна Македонија отвора нови пазари, а Кралството Јордан диверзификација на снабдувањето со храна
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, оствари средба со Министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји.
„Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Северна Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји.” – истакна Османи
Двајцата соговорници потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...