Карпош: Ќе се отвара општинска канцеларија за соработка со Дијаспората

ОпштиниКарпош: Ќе се отвара општинска канцеларија за соработка со Дијаспората

Најчитано

По претходна консултација со министерот задолжен за дијаспората, д-р Џемаил Чупи, денеска неговиот посебен советник Алберт Деде оствари работна средба   со претставник од кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. На состанокот се разговараше за иницијативата која произлезе од кабинетот на министерот Чупи, според која треба да биде основан „Центар за дијаспора“, кој ќе функционира во Карпош на локација која треба да биде дополнително утврдена. По тој повод ќе биде назначено и лице од општинската администрација, кое ќе ги реализира одредените обврски и задачи кои ќе бидат дел од работната стратегија на канцеларијата за соработка со дијаспората.

 

Имено, оваа канцеларија ќе соработува со иселениците од Република Северна Македонија, кои се на постојана или привремена работа надвор од својата матична држава. Притоа, канцеларијата ќе има одредени надлежности и одговорности во форма на контактно – информативен центар за граѓаните во странство, за сите нивни права и обврски во татковината.

 

Оттаму, треба да бидат создадени конкретни можности за обезбедување на административни услуги за луѓето во дијаспората, при што ќе биде зголемена ефикасноста за комплетирање на разни административни постапки и решавање на проблеми од различен карактер. Во исто време ќе бидат понудени релевантни информации за граѓаните во странство, за поволностите и можностите што ги дава државава во делот на привлекување на странски инвестиции  во проектите на општината. За таа цел ќе биде обезбедена и техничка помош во врска со регистрација на бизниси и други капацитети за граѓаните во странство.

 

Преку размена на искуства и младински активности, канцеларијата ќе промовира и културни програми, а исто така ќе биде креирана и база на податоци за сите активни здруженија во дијаспората, притоа ставајќи акцент на дијаспората која е инволвирана во сферата на науката и економијата. Од особена важност ќе биде формирањето на т.н „чадор“ тело, кое ќе го сочинуваат сите организации во дијаспората, кои треба да ги зајакнат релациите на соработка меѓу организациите во дијаспората и тие во татковината.

 

Инаку, реализацијата на предлог – меморандумот за отворање на функционална општинска канцеларија за соработка со дијаспората е предвиден во Акцискиот план на Националната стратегија на РСМ 2019 – 2023 година. Самата иницијатива произлегува од стратешката цел која е насочена кон поголема политичка вклученост и остварување на граѓанските и социјалните права на дијаспората, во функција на градење на доверба и воспоставување на нејзина ефективна соработка со државата.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе