Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ги прими претставнците на Здружението „Ромалитико”, со кои разговараа на повеќе теми, меѓу кои и учество и остварувања на ромските спортисти во системот на натпревари.
Имено, Ромалитико е официјално регистриран невладин и непрофитен Институт за истражување и анализа на политики.
Ромалитико секоја година подготвува извештај во сенка и го доставува до Европските институции за остварувањето на правата и состојбите на ромската заедница во Република Северна Македонија, кое се однесува на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација.
-Спортот зближува, спортот не познава граници, вери, боја на кожа. Сите остварувања на нашите спортисти биле и ќе бидат еднакво толкувани, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш отворена за соработка со сите спортисти чии резултати се успех на спортските клубови, Националните спортски федерации, и секако на државата која ја претставуваат, истакна Мојсовски.
Извор: Агенција за млади и спорт