АМС: Претставници на „Ромалитико” во Агенцијата за млади и спорт

Самостојни органиСамостојни државни органиАМС: Претставници на „Ромалитико” во Агенцијата за млади и спорт

Најчитано

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ги прими претставнците на Здружението „Ромалитико”, со кои разговараа на повеќе теми, меѓу кои и учество и остварувања на ромските спортисти во системот на натпревари.

 

Имено, Ромалитико е официјално регистриран невладин и непрофитен Институт за истражување и анализа на политики.

Ромалитико секоја година подготвува извештај во сенка и го доставува до Европските институции за остварувањето на правата и состојбите на ромската заедница во Република Северна Македонија, кое се однесува на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација.

-Спортот зближува, спортот не познава граници, вери, боја на кожа. Сите остварувања на нашите спортисти биле и ќе бидат еднакво толкувани, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш отворена за соработка со сите спортисти чии резултати се успех на спортските клубови, Националните спортски федерации, и секако на државата која ја претставуваат, истакна Мојсовски.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе