Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на промоцијата на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста, квалитетниот пристап до правдата.
„Државата е одлучна во процесот за постигнување на дигитална трансформација на правосудството. Oбезбедeни се финансиски средства и веќе во сите судови е набавен новиот сервер. Извршена е навремена и соодветна опременост на судовите со ИКТ опрема. Модерните европски дигитални текови се присутни во нашиот правосуден систем и го поттикнуваат враќање то на довербата во судството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста”, рече Тупанчески.