HomeМинистерстваМП: Нова дигитална судница во Кривичниот суд Скопје! Државата е одлучна во...

МП: Нова дигитална судница во Кривичниот суд Скопје! Државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството!

spot_img
spot_img

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на промоцијата на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста, квалитетниот пристап до правдата.

„Државата е одлучна во процесот за постигнување на дигитална трансформација на правосудството. Oбезбедeни се  финансиски средства и веќе во сите судови е набавен новиот сервер. Извршена е навремена и соодветна опременост на судовите со ИКТ опрема. Модерните европски дигитални текови се присутни  во нашиот правосуден систем и го поттикнуваат враќање то на довербата во судството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста”, рече Тупанчески.
Министерот за правда во своето обраќање се осврна и на активностите за целосно оспособување и ставање во употреба на кривичната судница која што се наоѓа во Затворот „Идризово“, каде што Кривичниот суд ќе биде титулар на истата, со целосно опремување и користење на најсовремените дигитални алатки, што дополнително ќе ги забрза постапките кои што се водат пред овој суд.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија