HomeМинистерстваМОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите, прекините на наставата...

МОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите, прекините на наставата не одат во прилог на нивниот правилен развој

spot_img
spot_img

Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес. Тоа е суштината на постоењето на образовните установи и МОН го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците.

Апелираме до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно – образовниот процес. Локалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна било каква дополнителна поддршка, затоа што сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите.

МОН ги осудува постапките на субјектите кои ја попречуваа работата на неколку средни училишта во главниот град во изминатите денови. Се надеваме дека од страна на соодветите органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија