spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПосле 50 години Делчево добива модерна водоводна мрежа, Владата се грижи за...

После 50 години Делчево добива модерна водоводна мрежа, Владата се грижи за реалните потреби на граѓаните

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Делчево направи увид во градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа, проект кој се реализира после 50 години во три населби на градот со вкупна должина од 4,5 км.

Се работи на реконструкција на водоводната мрежа во дел од населбата Ново Делчево со должина од 1,8 км, по што следуваат работи на терен во населбата Милково Брдо, каде ќе се изврши замена на старата дотраена водоводна инсталација во должина од 2,3 км, а ќе се реконструира и потисниот цевковод во должина од 450 метри. Реконструкцијата подразбира замена на старата дотраена водоводна мрежа со ПВЦ-инсталации, што значи подобрување на квалитетот на водата за пиење и елиминирање на загубите на вода, превенирање на дефектите во водоводниот систем, а најзначајно е влијанието врз здравјето на граѓаните.

Ваквите проекти во општините, каде има успешна реализација се пример за соработка помеѓу локалната и централната власт, а во интерес на решавање на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните.

Инвестицијата е вредна 18,8 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во висина од 15 милиони денари, додека 3,5 милиони денари се учество на Општина Делчево. Со реализацијата на овие проекти, водоводната мрежа во Делчево ќе биде над 90% со ПВЦ-инсталации.

Со буџетски средства оваа Влада создава општествена вредност, во корист на граѓаните. Ја зајакнува децентрализацијата и овозможува максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво со цел развој на општините.

Тоа се реални проекти за секојдневните, реални потреби за граѓаните. Секој да има квалитетно и континуирано водоснабдување. Сите граѓани имаат право на квалитетен живот и Владата е посветена да го поправи, она што со децении не е направено.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...