spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗамрзнати цените на огревното дрво и пелетите

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3).

Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ДДВ и транспорт.

Највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември 2022 година.

Во исто време, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која што беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

Владата континуирано спроведува мерки за ублажување на последиците од светската енергетска криза, се грижиме за сите да има греење оваа зима, затоа ги замрзнавме цените на огревното дрво и пелетите. Заштита на стандардот на граѓаните е меѓу владините приоритети.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...