На 22.10.2022 година во населено место Катланово, Кочкова наелба, целосно изгоре во пожар домот на петчленото семејството Пасинечки. Градоначалникот Борче Митевски беше на лице место за да се запознае со настанатите последици од пожарот.
Со него беа присутни и пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, како и советникот од Советот на Општина Петровец од ова населено место – Марјан Андреевски.
Веднаш на несреќното семејство му беа доделени хуманитарни пакети со храна, хигиенски средства и облека. Воедно од страна на градоначалникот им беше ветено дека ќе им биде дадена помош во градежни материјали и финансиска помош.
Извор: Општина Петровец