HomeОпштиниПетровец: Хуманитарна помош за опожареното петчлено семејство од Катланово

Петровец: Хуманитарна помош за опожареното петчлено семејство од Катланово

spot_img
spot_img

На 22.10.2022 година во населено место Катланово, Кочкова наелба, целосно изгоре во пожар домот на петчленото семејството Пасинечки. Градоначалникот Борче Митевски беше на лице место за да се запознае со настанатите последици од пожарот.

Со него беа присутни и пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, како и советникот од Советот на Општина Петровец од ова населено место – Марјан Андреевски.

Веднаш на несреќното семејство му беа доделени хуманитарни пакети со храна, хигиенски средства и облека. Воедно од страна на градоначалникот им беше ветено дека ќе им биде дадена помош во градежни материјали и финансиска помош.

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија