spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Како институција ги почитуваме Законските рамки и одговараме согласно на нив

МТСП: Како институција ги почитуваме Законските рамки и одговараме согласно на нив

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин вчера се сретна со претставникот на Коалиција „Менуваме“, Суаред Алишан. На средбата разговараа за предлозите од Коалиција „Менуваме“ во однос на покачувањето на додатокот за попреченост и негово врзување со просечната плата.

„Во изминатиот период донесовме антикризни мерки со кои на лицата со попреченост ќе им бидат доделени 3000 денари за 4 месеци. Изминатата недела со измените на Законот за детска заштита беше зголемен посебниот додаток за 15%. Како Влада и Министерство за труд и социјална политика постојано се залагаме за унапредувањето на животот на лицата со попреченост и со нашите постапки докажуваме дека имаме слух за нивните барања“ рече Хусејин.

Во однос на предлозите на Алишан, заменик министерот, Хусејин рече дека се што влегува во законската рамка може да биде разгледано.

„Додатокот за попреченост се покачува согласно порастот на трошоците, тоа е законска рамка од која што не може да се излегува. Министерството за труд и социјална политика ги креира своите политики и мерки согласно донесените закони“ изјави Хусејин.

Заменикот посочи дека како здруженија треба да ги усогласат барањата кои ги имаат за лицата со оштетен вид и согласно барањата ќе може да се постапува.

На крајот од средбата заменик министерот рече дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за соработка и дека е секогаш тука за граѓаните и нивните потреби. Тој посочи дека најдоброто решение може да се донесе само преку континуиран дијалог од кој придобивки ќе имаат корисниците.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...