spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Прва средба на тематската група за младинска работа

АМС: Прва средба на тематската група за младинска работа

На 31.10.2022 година беше реализирана првата средба на работната група од тематската област – младинска работа, раководена од независниот национален консултант Драган Атанaсов, со цел широка консултација на сите засегнати страни, како и почитување на принципите на еднаквост и недискриминација, инклузивност, учество, национална, регионална и локална димензија и хоризонтален пристап во процесот на изработка на новата Национална стратегија за млади 23 – 27.

 

Во рамки на реализираната работна средба, присутните од редовите на младинските организации, организациите за млади, граѓанскиот сектор, како и претставници од релевантните институции, идентификуваа повеќе проблеми и предизвици, а дискусијата беше насочена кон идентификување на главните причини кои доведуваат до истите.

 

За секоја идентификувана причина групите беа охрабрени да размислат за можни други, подлабоки причини кои имаат влијание. Во таа насока беше и фидбекот што групите имаа можност да го дадат едни на други, преку поставување на прашања што може да мотивираат дополнително истражување на набројаните причини за проблемот.

На крајот од средбата, а како вовед во наредните чекори од процесот, учесниците беа поканети накратко да напишат идеи за пристапи и мерки кои би можеле да придонесат за справување со главните предизвици во областа на младинската работа.

 

Втората средба на тематската група ќе се спроведе на 10ти ноември. На неа ќе бидат презентирани идентификуваните проблеми и врз основа на нив ќе се постават цели и мерки. Онлајн консултација ќе следува по втората средба.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...