Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права.
„Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина но тоа да биде пред донесувањето на законите затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права“, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.
Извор: Министерство за правда