spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Моделот за избор на шеф на ОЈО ГОКК покажа слабости, потребни...

МП: Моделот за избор на шеф на ОЈО ГОКК покажа слабости, потребни се негови измени во однос на построги правила и критериуми

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека изборот за шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција покажал одредени слаболсти и дека е нопходно да се пристапи кон негови измени во однос на построги критериуми и правила. Одговарајќи на новинарски прашања, Тупанчески рече дека за избор ќе мора да се додаде цензус како и да се разгледа опцијата за воведување втор изборен круг или пак дополнителен критериум.

„Некои параметри останаа недефинирани докрај, во смисла на тоа, ќе се обидам да карикирам, што може првиот човек на организиран криминал  да биде избран само со еден глас од страна на едно лице. Ќе мора тука да се додаде цензусот, дали ќе има потреба од втор круг на избори, од некој дополнителен критериум Во нашата држава главниот проблем не е квалитетниот закон, туку се судираме со суштинскиот проблем, а тоа е капацитетот на институциите и интегритетот“, изјави Тупанчески.
Прашан за коментар во однос на фотографиите на новиот обвинител за организиран криминал Ислам Абази со лица од ДУИ, министерот Тупанчески рече дека времето ќе покаже дали хипотезите имаат реална основа.
„Изјавата на мојот заменик, Нухиу, не беше дадена од Министерството за правда. Ги видов фотографиите кои имплицираат дека избраниот обвинител има комуникација со некоја политичка партија. Времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали овие хипотези имаат реална основа. Комуникацијата не може да биде исклучена, но да не биде злоупотребена“, рече Тупанчески.

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...