HomeМинистерстваМП: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската...

МП: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување

spot_img
spot_img

Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на  одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до  Европскиот суд за човекови права.

Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување.
„Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина но тоа да биде пред донесувањето на законите затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права“, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија