spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Состанок на министерот Пенов со амбасадорот Гир

МЛС: Состанок на министерот Пенов со амбасадорот Гир

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за процесот на интегрирање на државата во Европската Унија, за препораките во извештајот на Европската Комисија за областите за кои што е одговорно Министерството за локална самоуправа, како и за приоритетите во наредниот период со цел да се подобрат функционалноста и перформансите на општините.

Двајцата соговорници зборуваа и за спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка, преку која се финансираат голем број на проекти во општините. Беше изразено задоволство од досегашната реализација на средства од претпристапните фондови на Унијата наменети за прекугранична соработка, со препорака за континуирано зајакнување на капацитетите за уште поподготвено да се влезе во имплементацијата на средствата од ЕУ во наредниот, ИПА3 програмски период.

На состанокот беше нагласено дека од интерес за државата и за општините е да се подготвуваат и финансираат проекти кои што ќе бидат корисни за граѓаните и кои што ќе направат промени во општините и во регионот, затоа што целта на претпристапниот финансиски инструмент е да им помогне на државите побрзо и полесно да ги спроведат реформите во процесот на прилагодување и интегрирање во Европската Унија.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...