HomeМинистерстваМЛС: Состанок на министерот Пенов со амбасадорот на Италија, Силвестри

МЛС: Состанок на министерот Пенов со амбасадорот на Италија, Силвестри

spot_img
spot_img

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше состанок со амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри. На состанокот се разговараше за соработката меѓу двете земји и за улогата на Министерството за локална самоуправа во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.

При тоа беше истакнат придонесот на Италија, како членка на Европската Унија, во поддршката на Северна Македонија на патот кон Унијата, како и поддршката преку конкретни проекти кои што можат да дадат дополнителен импулс на спроведувањето на политиките во надлежност на Министерството за локална самоуправа.

На состанокот се разговараше и за соработката со локалните власти, за функционирањето на локалната самоуправа во сегашните услови на енергетска криза, како и за мерките што се преземаат за намалување на последиците.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија