Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска завчера во Штип се сретна со жени претприемачки од источниот регион. На средбата, претприемачките ги споделија своите искуства и предизвици со кои се соочуваат при водењето на компаниите кои ги управуваат.
Заедничко за сите менаџерки е залагање за успешен развој на домашната економија и поддршка за унапредување на позицијата на жената во бизнис заедницата. Лукаревска, истакна дека Управата за јавни приходи е отворена институција и секогаш го слуша гласот на даночните обврзници, а преку директни контакти со нив, се создаваат можности за изнаоѓање на решенија за надминување на одредени препреки.
Управата за јавни приходи зајакнувајќи го партнерскиот однос ќе продолжи со одржување на вакви средби во останатите градови низ државата, и со тоа го започнува одбележувањето на празникот на даночниците.
Извор: Управа за јавни приходи