spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“

Центар: Решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“

Овластен градежен инспектор на Општина Центар издаде Решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба.

Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ.

Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата.

Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета.

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ БАУ Интернационал за нова инвестиција...

0
Почитувани, Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните...