Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2022 година изнесува 103 787, од кои 32.9 % се домашни туристи, а 67.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2022 година изнесува 221 927, од кои 36.9 % се од домашните туристи, а 63.1 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.3 %, а кај странските зголемувањето е за 88.2 %.
Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските зголемувањето е за 76.2 %.
Извор: Државен завод за статистика