Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата м-р Шемши Салаи учествуваше на состанокот на техничко ниво, што во организација на Канцеларијата на Обединетите нации против дрога и криминал (УНДОЦ) се одржа на 7-8 ноември 2022 година во Виена, Австрија.
На состанокот се дискутираше за постигнувањата од Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и незаконските финансии како и за идентификување на регионални антикорупциски приоритети.
Состанокот се реализираше во насока на подготовка на регионалната конференција за борба против корупцијата што во организација на УНДОЦ и Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи во Скопје во декември 2022 година, и на која ќе земат учество високи претставници на владите од земјите од Западен Балкан, експерти за антикорупција, практичари и претставници на граѓански организации.
Резултатите од дискусијата од состанокот ќе бидат дополнително елаборирани за време на вториот состанок на техничко ниво планиран да се организира на крајот на месец ноември. Договорените наоди и приоритети потоа ќе бидат презентирани на Регионалната конференција.