Агенцијата за млади и спорт те поканува да се вклучиш во креирањето на Национална стратегија за млади 2023 – 2027. За таа цел подготвивме онлајн прашалник преку кој можеш да ги одразиш проблемите и предизвиците со кои се соочуваш како млад човек и да ги споделиш твоите визии за тоа какви младински политики треба да се носат во следните пет години.
За да создадеме квалитетен и сеопфатен документ неопходна е активна вклученост на
мнозинството млади. Колку повеќе мислења имаме, толку се поголеми шансите стратегијата да ги одрази реалните желби и потреби на младите.
Затоа сакаме да го слушнеме твојот глас. Со одговарање на овој онлајн прашалник твојот придонес ќе биде од исклучителна важност за развојот на Националната стратегија за млади 2023 – 2027.
Со клик на зборовите подолу одбери за која тематска област би сакал/а да го дадеш твоето мислење (младинска работа, младинско учество, здравје, образование, претприемништво и поддршка пред вработување, младинско информирање, култура и безбедност).
Можеш да одговориш на повеќе тематски области.
Вклучи се!
Претприемништво и поддршка пред вработување
Процесот за изработка на новата Национална стратегија за млади 2023 – 2027 го спроведува Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации – УНФПА и Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП.
Ти благодариме!
Извор: Агенција за млади и спорт