spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Делегации на збратимени општини во посета кај Јакимовски

Карпош: Делегации на збратимени општини во посета кај Јакимовски

Градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет ги прими членовите на четирите делегации на збратимените општини, Врњачка Бања, Тиват, Травник и Сремски Карловци, кои деновиве престојуваат во општина Карпош, по повод одбележување на 46 годишнината од основањето на локалната самоуправа.  

На средбата, присутните развија конструктивна дискусија, при што разменија корисни искуства кои ги зајакнуваат пријателските односи и соработката помеѓу збратимените општини. Притоа, на состанокот стана збор и за досегашните институционални практики кои ги применуваат одговорните лица во општините,  кои од друга страна можат да влијаат на позитивниот економски развој во рамки на локалните самоуправи.

Во таа насока, градоначалникот Јакимовски им врачи пригодни подароци на претставниците од збратимените општини, во вид на репрезентативен материјал од Општина Карпош.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...