spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Оптимизација на училишната мрежа и нови формули за финансирање на основното...

МОН: Оптимизација на училишната мрежа и нови формули за финансирање на основното и средното образование

Оптимизација на училишната мрежа во основното образование и креирање на нови формули за финансирање на основното и средното образование се меѓу клучните компоненти на планот за реформирање на националниот образовен систем и на нив во моментов работиме заедно со Светска банка и УНИЦЕФ. Целта е подобро искористување на расположливите ресурси, постигнување на поголема ефикасност и повисок квалитет на воспитно – образовниот систем.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на дебатата посветена на образованието, која се одржа во владата, а покрај неколку владини министри и градоначалници, учествуваше и регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан, заедно со постојаниот претставник на оваа организација во земјава, Патриција Ди Џовани.

Шаќири истакна дека парите од државниот буџет кои се одвојуваат за образованието од година во година постојано се зголемуваат и тоа е за поздравување, затоа што, како што рече, покажуваме заложба за развој на секторот, за негово прилагодување кон глобалните промени, процеси и стандарди, но, тие средства неопходно е подобро да се алоцираат.

„Во земјава имаме 347 општински основни училишта, или ако ги додадеме и подрачните објекти, тоа се вкупно 975. Но, во најголем дел од нив имаме опаѓање на бројот на ученици години наназад, а на тоа не е одговорено соодветно и системски. Напротив, сите училишта продолжуваат да работат, а бројот на наставници некаде дури и бил зголемен. Имаме сооднос ученици – училишта – наставници кој упатува на тоа дека постои значителен простор за поефикасно користење на ресурсите. Затоа ни е потребна оптимизација на училишната мрежа“, рече Шаќири.