spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Потпишан меморандум за соработка со здружението „Еко Логик“

Гостивар: Потпишан меморандум за соработка со здружението „Еко Логик“

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари потпиша меморандум за соработка со Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промоција на концептот за одржлив развој „Еко Логик“.

Меморандумот ги опфаќа активностите на здружението во основните училишта во Гостивар, како што се информативни презентации, работилници и едукативни дебати, изработка на училишен план за промоција и работа на училиштето по тема велосипедизам, организација на настани со велосипедизам , итн.

Според меморандумот, општината преку рекламирање стимулира активно учество во основните училишта, ја следи реализацијата на програмата и ја поддржува организацијата и активностите на велосипедизмот.

Програмата на здружението има за цел преку различни активности да ги зголеми и унапреди знаењата за темите за возење велосипед, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај децата, родителите и наставниците.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...