На форумот, на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, се дискутираше за успешни приказни на жените во бизнисот во регионот на општина Гостивар, со цел да се поттикнат претприемачите жени, особено младите, нивна едукација и влез во светот на бизнисот.
„Бидејќи трендот на иселување на младите е сè поочигледен и алармантен, сакаме да поттикнеме што е можно повеќе жени, а пред се млади девојки, да создадат сопствен бизнис, со што ќе покажеме дека и женското претприемништво придонесува за развој на економијата”, истакна градоначалникот Таравари.
Извор: Општина Гостивар