Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари потпиша меморандум за соработка со Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промоција на концептот за одржлив развој „Еко Логик“.
Меморандумот ги опфаќа активностите на здружението во основните училишта во Гостивар, како што се информативни презентации, работилници и едукативни дебати, изработка на училишен план за промоција и работа на училиштето по тема велосипедизам, организација на настани со велосипедизам , итн.
Според меморандумот, општината преку рекламирање стимулира активно учество во основните училишта, ја следи реализацијата на програмата и ја поддржува организацијата и активностите на велосипедизмот.
Програмата на здружението има за цел преку различни активности да ги зголеми и унапреди знаењата за темите за возење велосипед, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај децата, родителите и наставниците.
Извор: Општина Гостивар