spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Градоначалникот Таравари се приклучува во борбата против ракот на дојка

Гостивар: Градоначалникот Таравари се приклучува во борбата против ракот на дојка

По повод розовиот месец, месецот за подигање на свеста на населението за рак на дојка, општина Гостивар во соработка со здружението „Езра“ (поранешна Борка) кое се занимава со заштита на правата на жените кои боледуваат од рак на дојка, други видови на рак и други болести, организира работилници во Гостивар.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во дебатата истакна дека општината финансира 50 мамографи за женскиот пол заедно со приватната ординација „Ро медика“ од Гостивар.

Потсетуваме дека општина Гостивар пред два месеци формираше Комисија за заштита на правата на пациентите, во кои се вклучени сите пациенти кои боледуваат од рак на дојка и други видови на рак.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...