На вчерашната меѓувладина конференција со Република Албанија, која создаде можност за продлабочување на меѓусебното партнерство, се потпиша Меморандум за соработка во областа на иновациите и технологијата.
Меморандумот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и вице-премиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку.
Во оваа прилика министерот Алити ја потенцираше потребата и неопходноста за интензивирање на соработката, истакнувајќи ја јасната стратешка ориентација на двете влади за интеграција во Европската унија и заложбата што се очекува да ги донесе потребните реформи и модернизација кои не водат кон позитивни промени и остварување на оваа цел.
Министерот Алити е оптимист дека овие соработки се одлучувачки фактор за реализација на заедничките цели.
,,Нашите земји се и ќе бидат една до друга, конструктивни и подготвени за соработка“, порача министерот Алити.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација