spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Меморандум за соработка со Министерството за Инфраструктура и Енергетика на Република...

МИОА: Меморандум за соработка со Министерството за Инфраструктура и Енергетика на Република Албанија

На вчерашната меѓувладина конференција со Република Албанија, која создаде можност за продлабочување на меѓусебното партнерство, се потпиша Меморандум за соработка во областа на иновациите и технологијата.

Меморандумот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и вице-премиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку.

Во оваа прилика министерот Алити ја потенцираше потребата и неопходноста за интензивирање на соработката, истакнувајќи ја јасната стратешка ориентација на двете влади за интеграција во Европската унија и заложбата што се очекува да ги донесе потребните реформи и модернизација кои не водат кон позитивни промени и остварување на оваа цел.

Министерот Алити е оптимист дека овие соработки се одлучувачки фактор за реализација на заедничките цели.

,,Нашите земји се и ќе бидат една до друга, конструктивни и подготвени за соработка“, порача министерот Алити.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...