HomeМинистерстваМНР: Средба на Османи со претседаделката и генералниот секретар на Парламентарното собрание...

МНР: Средба на Османи со претседаделката и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Цедерфелт и Монтела

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја прими делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од претседателката Маргарет Цедерфелт и генералниот секретар Роберто Монтела.

 

Состанокот се одржа со цел да се воспостави личен контакт на највисоко ниво, да се пренесе поддршка за претседавањето на Северна  Македонија со ОБСЕ во 2023 година и да се разговара за актуелната ситуација на ОБСЕ и можностите за соработка меѓу Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседавачот, како и нашите приоритетите како идни претседавачи со ОБСЕ.

 

Министерот Османи истакна дека парламентарната дипломатија е од големо значење, особено во време на отворена агресија против земја учесничка, геополитички тензии и неизвесност.

 

“Северна Македонија придава големо значење на парламентарната димензија на ОБСЕ. Инволвирањето на парламентарците во справувањето со денешните безбедносни ризици и предизвици, како и во промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ додава важна вредност на редовната дипломатска комуникација, во потрага по трајни решенија“, рече Османи.

 

Воедно, соговорниците се согласија дека улогата на Парламентарното собрание на ОБСЕ е од витално значење во зајакнувањето на дијалогот и креирањето на политичка дискусија во насока на промовирање стабилност, соработка и социо-економски развој во регионот на ОБСЕ.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија