spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Поддршката и споделувањето на искуствата на полето на миграциите и трговијата...

МТСП: Поддршката и споделувањето на искуствата на полето на миграциите и трговијата со луѓе со Р. Австрија се од големо значење за нас како држава

На маргините на министерската конференција „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која се оддржува во Скопје, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Државниот Секретар на Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Магдалена Несторовска остваривме средба со Амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е Георг Вуцас и Амбасадорката Н.Е Петра Шнебауер, од Министерство за надворешни работи на Република Австрија и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе.

Во фокусот на денешната средба меѓу двете страни беа миграциските политики, законските решенија, досегашните и идни активности во полето на миграцијата, како и размената на искуства кои ќе придонесат во справувањето со новите предизвици и миграциски трендови.

Министерката Тренчевска посочи дека Министерството за труд и социјална политика како  главен носител на социо-економските права ја има најголемата одговорност за обезбедување на пристап на лицата бегалци и лицата под супсидијарна заштита до социјалните услуги, домување, вработување и здравствено осигурување.

 

„Овие права се загарантирани со измените во Законот за социјална заштита и Законот за здравствено осигурување кои ги изедначуваат лицата под меѓународна заштита со македонските граѓани во поглед на пристапот до правата. Додека трае самата постапка, лицата баратели на азил се сместени во единствениот центар за прифат на барателите на азил кој е институција во склоп на системот на Министерството за труд и социјална политика,“ истакна Тренчевска.

На средбата се разговараше за унапредување на условите во шелтер центрите кои треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди.

Од страна на амбасадорите на Австрија беше упатена и покана до Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, за работна посета на Република Австрија, со цел размена на искуства и добра пракса на полето на миграција и трговија со луѓе.

Двете страни изразија уверување за продлабочување на соработката меѓу нивните држави, со акцент на миграциите и трговијата со луѓе, како особено важно прашање.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте