spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваАлити: МИОА е посветено на процесот на реогранизација на државната администрација

Алити: МИОА е посветено на процесот на реогранизација на државната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, денеска одржа конференција за реорганизација „Првите чекори кон државната реорганизација “, каде што беа вклучени и Министерството за економија, како и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


На конференцијата  говореа првиот вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот Адмирим Алити и други панелисти, експерти од областа.

Алити во својот говор,  го изрази своето задоволство што како министерство го следевме процесот на реформи за  државната реорганизација каде во контекст на овој процес ја организираме и конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација “.

Вицепремиерот Артан Груби и евроамбасадорот Дејвид Гир му дадоа посебна тежина и значење на овој процес, кој претставува клучен фактор во стратешките цели на државата.


„Преку оваа конференција беа разгледани целите и фазите кои произлегоа од реорганизацијата, каде што нагласивме дека суштината на овој процес е да се обезбедат добро регулирани институции, јасни, транспарентни и ефикасни хиерархии во нивната работа со вредности на интегритет, одговорност и отчетност.

МИОА, како институција надлежна за спроведување на овој процес, останува целосно посветено во оваа насока, оптимист дека овој процес, и покрај сите предизвици и тешкотии, ќе донесе исклучителни придобивки за животот на граѓаните и иднината на државата “, изјави меѓу другото министерот Адмирим Алити.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте