spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Светско злато за Оливера Наковска Бикова

АМС: Светско злато за Оливера Наковска Бикова

Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.

 

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием за Биковска и нејзиниот тим, на кој директорот Наумче Мојсовски не го криеше задоволството од постигнатиот успех на Оливера.

-Вистинско задоволство е кога ќе се обезбеди резултат достоен за респект. Одличјата на Биковска се многубројни, но светско злато е навистина вреден особено кога се знае дека само тој недостасуваше во богатата ризница во медали, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на ставот за финансирање на сите настани на параолимпијците, кои во наредната година имаат навистина многу настапи.

Стартуваат со Квалификациски турнир во Кореа, закажан за мај идната година, Ротердам во август, Лима-Перу, како и настап на Европските параолимписки игри во Холандија.

Останува да и честитаме на Оливера за големиот успех, за себе, , за својата спортска федерација и за достојна афирмација на својата држава.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...