spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити беше панелист на маргините на конференцијата „Првите чекори кон...

МИОА: Министерот Алити беше панелист на маргините на конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација“

На маргините на конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација“, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски и Штефен Худолин – виш претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, беа дел од панелот за дискусија.

,,Додека сме во пилот фаза на овој процес, каде што заедно со Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сме главните институции во спроведувањето на пилот-проектот, разговаравме за начинот на спроведување за успешна имплементација, како и за тешкотиите на оваа фаза.


Без реорганизација нема реформа и за спроведување на реформите потребна е целосна посветеност и објективност од сите институции и заинтересирани страни, со цел усогласување, промена и создавање попродуктивен, транспарентен и поефикасен систем на институции, што ќе им овозможи на граѓаните да веруваат во институционалниот интегритет и да си го олеснат животот”, рече меѓу другото министерот Алити, кој на крај им се заблагодари на Делегацијата на ЕУ за поддршката:

“Со посебен акцент и се заблагодарив на Делегацијата на ЕУ за поддршката во реализацијата на овој проект, но и на сите експерти, институции и организации вклучени во реализацијата на овој проект, кој ќе донесе можности за граѓаните и ќе ги отвори вратите за интеграција на земјата во ЕУ”.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...