spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус...

МОН: Стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи 2022/2023 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

 

Врз основа на член 49 став 1 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен  весник  на  Република  Северна  Македонија“  бр.  124/19, 248/20 и 302/20), и член 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20 и 160/21), Министерството за образование и наука распишува

 

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

Министерството за образование и наука за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:

а) Прва група – 1.470 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија;

б) Втора група:

– 770 стипендии ( 760 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 10 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50 а кои се запишани на факултети од научното подрачје на техничко-технолошките науки (на пр. машинство, електротехника, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, металургија, рударство, текстилно инженерство  и сл.), научното подрачје на биотехнички науки (на пр. ветеринарна медицина, пчеларство, овоштарство и сл.) и научното подрачје на медицински науки и здравство, а за студентите на факултетите од научното подрачје на општествените науки и на факултетите од научното подрачје на хуманистичките науки да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;

– 85 стипендии (82 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 3 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;

– 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

– 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината;

– 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик), со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината.

 

 

в) Трета група:

– 500 стипендии (стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех.

– 130 стипендии запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика, математика, како и студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки и тоа:

 

  • 40 стипендии на студиите по хемија,
  • 30 стипендии на студиите по физика,
  • 30 стипендии на студиите по математика.
  • 30 стипендии по земјоделските, ветеринарните и шумарските науки

г) Четврта група:

– 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

    Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
  2. да се редовни студенти;
  3. да не повторувале година во текот на студирањето;
  4. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
  5. да се државјани на Република Северна Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се:

а) Прва група – стипендии за студенти од социјални категории

  1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2022/2023 година за сите студиски програми.
  2. За критериумот материјални можности на студентите и нивните семејства, се земаат вкупните месечни примања по член на семејство на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управата за јавни приходи како земјоделска дејност, стопанска дејност, авторски права, издавање на простор и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. За оние студенти за кои за месечни примања на семејството по член кои се повисоки од 75% од просечно исплатена на месечна нето плата во Република Северна Македонија не се добиваат бодови и по таа основа ќе бидат дисквалификувани од оваа група на стипендии.
  3. Студентите кои до 18 години биле без родители и родителска грижа, студентите кои се категоризирани како лица со посебни потреби, студенти – деца на самохран родител, студенти-деца на корисници на социјална помош и студенти – деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија добиваат дополнителни 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
  5. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 2 на оваа група), нема да се разгледуваат.
  6. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование.
  7. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.

 

б) Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето

  1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2022/2023 година за сите студиски програми.
  2. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 90% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само еден испит помалку од вкупно предвидениот број на испити.
  3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
  4. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование добиваат дополнителни 10 бодови.
  5. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.

 

в) Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, како и студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки

  1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2022/2023 година.
  2. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
  3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
  4. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование добиваат дополнителни 10 бодови.
  5. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.

 

Г) Четврта група – стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование:

  1. Успехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образование
  2. По основ на користење на стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука.
  3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Аплицирањето е исклучиво електронски. Документи не се доставуваат до Министерството за образование и наука.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.11.2022  до 05.12.2022  година.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :

 

–        Некомплетна

 

 

  1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2022/2023година;
  2. Уверение за положени испити од претходните години;
  3. Заверен образец УППИво форма и содржина објавен на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk
  4. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
    – За вработените членови на семејството- потврди за остварена плата запоследните 3 месеци (август, септември и октомври) за2022 година или доколку за овие месеци не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели  брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата)

-за пензионираните членови на семејството – документ за висина на пензија – чек;

– За разведени родители – доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
–  За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
– За инвалидитет- наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој
–  За браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето- односно факултетот или друга институција.

  1. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија
  2. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава
  3. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство(родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка
  4. Фотокопија од индексот (опционално, доколку студентот поседува).
    Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 – бр.8), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 6, 7, 8, . Кандидатите од четврта група ги доставуваат документите под реден број 2,3, 5, 6, 7, 8 како и свидетелства од сите години од средното образование и договор за стипендија за талентирани ученици склучен со Министерството за образование и наука. Студентите – тутори, треба да достават како доказ известувањето од Министерството за образование и наука за вклученост во Програмата за тутори.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/16), ќе ги обезбеди следните документи:
-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-статус за членовите на потесното семејство на кандидати, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
-за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
-за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.


  1. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е:

 

–        Некомплетна


  1. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

 

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен најдоцна до 31.01.2023 година на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk

 


  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за Прва група – стипендии за студенти од социјални категории изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика, за студентите кои се запишани на студиските програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности, студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, студенти запишани на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик), изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година; стипендијата за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за Четврта група  – стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

 

Студентите ќе имаат право да се пријават само за една група на стипендии.

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

 

 

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

 

 

Потребни документи:

  1. Заверен образец “УППИ”
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија
  3. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава

4.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство

5.Копија од лична трансакциска сметка.

 

 

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии најдоцна во рок од 1дена по објавувањето на списокот, да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој ќе биде објавен заедно со резултатите и ќе биде потребно да го симнат и пополнат во три примероци. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

 

 izjava deka ne e korisnik na druga stipendija mk.doc izjava za tocnost na podatoci_13.doc obrazec za licni podatoci.doc UPPI obrazec_5.doc

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...