spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНова инвестиција од 20 милиони евра на турската компанија „Текнопанел“, нови вработувања...

Нова инвестиција од 20 милиони евра на турската компанија „Текнопанел“, нови вработувања во услови на енергетска криза

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да растат.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека задоволството е уште поголемо што инвестиции и нови вработувања се случуваат во услови на најголемата светска енергетска криза.

„ТЕКНОПАНЕЛ одбраа да ја донесат својата инвестиција токму тука и ова секако не е случајно. Ние како Влада обезбедуваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија. Најпрво, ова е земја членка на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ, затоа и е стабилен партнер. Поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа, исто така е важен предуслов за растот на инвестиции. И секако, ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани. Во ова кризно време, а со цел да се справиме посеопфатно со последиците, по моја насока ние активно делуваме по две линии. Реков дека никој нема да е оставен сам и затоа како одговорна Влада изминатиов период обезбедивме два пакети антикризни мерки за заштита на најранливите граѓани и компаниите во вредност од над 760 милиони евра. Затоа континуирано обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за непречено функционирање на виталните функции на државата. Со последните мерки за евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Од друга страна пак, многу важно е да имаме јасна стратегија за економски развој и долгорочна стабилност на земјата. Ние таа насока ја имаме. Мора да мислиме на иднината. И во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот. И денес, тука сме, затоа што овој план за справување со кризата се исполнува, дава резултат. Покрај поддршката за најранливите и за компаниите, во Северна Македонија инвестираат глобални компании, и се отвораат нови и подобро платени работни места“, рече Ковачевски и додаде дека во следните два месеци до крајот на годината ќе бидат презентирани уште четири инвестиции.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, рече дека од еден скромен и отворен разговор во Истанбул со сопственикот на „Текнопанел“, Орхан Кахвеџи денес стигнавме до реална инвестиција од 20 милиони евра и 120 нови работни места со плати над државниот просек.

„Ова е последна од инвестициите кои ги презентиравме периодов и кои веќе надминуваат 620 милиони евра. Истите предвидуваат отворање на 5.000 добро платени работни места за наши сограѓани.

Тоа е резултатот од новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции. Отворени сме, искрени и чесни. Тоа е стратегијата за која прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Нашата стратегија не е ЌЕ туку СЕГА – реални инвестиции и реални работни места. Тоа е она што не прави различни и успешни”, рече Деспотовски.

Орхан Кахвеџи, сопственик на компанијата „Текнопанел“ рече дека оваа нова инвестиција е петти производствен капацитет, а воедно и првата фабрика за производство надвор од Турција.

„Новата инвестиција ќе даде додадена вредност на економијата во Северна Македонија. Како прво, ова е центарот на Европа, од каде ќе се извезува производството. Со помош на соработка со компаниите од регионот, квалификувани луѓе, верувам дека ова ќе биде уште една наша успешна приказна. Поддршката и стимулациите на Владата, за нас се исто така многу вредни“, рече Кахвеџи.

На настанот свое обраќање имаше и Хасан Мехмет Секизкок, амбасадор на Република Турција во Скопје кој ја истакна важноста на билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен фокус на подобрување на економските релации и инвестиции.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Во моментов ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики коишто имаат потпишано договор. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.


Обраќање на премиерот Ковачевски по повод новата инвестиција на ТЕКНОПАНЕЛ

Почитувани претставници на раководството на ТЕКНОПАНЕЛ Турција,
Господин, Орхан Кахвеџи, господин Тургај Јуксел,
Почитуван амбасадор на Р.Турција,  Хасан Мехмет
Почитуван директор на ТИРЗ Јован Деспотовски,
Почитувани вработени во ТЕКНОПАНЕЛ,
Почитувани претставници на коорпоративниот сектор,
Почитувани медиуми и граѓани,

Покрај овие поздрави до присутните, морам да упатам уште три поздрави кои имаат посебно значење а тоа е – претседателот на Турција г. Ердоган, претседателот на Парламентот на Турција г. Шентоп и до министерот за надворешни работи на Турција г. Чавушоглу од причина што исклучително добрите односи, помеѓу Северна Македонија и Турција се должат на многу честите, искрени и конструктивни контакти кои ги имаме со претставниците на највисоките органи на Турција. Токму тие исклучително добри односи кои ги имаме се причината турските компании да инвестираат во нашата држава. Кога ја носат одлуката секогаш прв избор да биде Северна Македонија.

Денес е важен ден бидејќи денес во земјава влегува нова инвестиција и тоа во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје. Честитки за ТЕКНОПАНЕЛ, ова е прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од нивната матична земја.

ТЕКНОПАНЕЛ одбраа да ја донесат својата инвестиција токму тука и ова секако не е случајно. Ние како Влада обезбедуваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија. Најпрво, ова е земја членка на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ, затоа и е стабилен партнер за странските инвеститори кои што сме сведоци дека ја одбираат Северна Македонија како дестинација за инвестирање токму во изминатите неколку недели со отворањето на неколку фабрики.

Поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа, исто така е важен предуслов за развој на инвестиции. И секако, ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани.

Во ова кризно време, а со цел да се справиме посеопфатно со последиците, по моја насока ние активно делуваме во две линии.

Реков дека никој нема да е оставен сам и затоа како одговорна Влада изминатиов период обезбедивме два пакети антикризни мерки за заштита на најранливите граѓани и за заштита на ликвидноста на компаниите во вредност од над 760 милиони евра.

Затоа континуирано обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за непречено функционирање на виталните функции на државата.

Со последните мерки за евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на основни прехранбени производи и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Од друга страна пак, многу важно е да имаме јасна стратегија за економски развој и долгорочна стабилност на земјата. Ние во таа насока, исто така, преземаме активности затоа што мора да мислиме на иднината. И во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот.

И денес, тука сме, затоа што овој план за справување со кризата се исполнува, дава резултат. Покрај поддршката за најранливите и за компаниите, во Северна Македонија инвестираат глобални компании, и се отвораат нови и подобро платени работни места.

Една од тие компании е и „Текнопанел“, која како што можевме да видиме произведува иновативни кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар. Сето ова значи, нов стимул за домашната економија и зголемување на извоз од земјата.

Групацијата има 460 вработени и е една од водечките компании во Европа со напредно технолошко производство, и извоз во 102 земји во светот. Она што е важно во даденава ситуација е тоа што од нашите работници, од тука во Скопје, ќе се снабдува европскиот пазар. Во следните 9 години се очекува извозот да достигне над 170,5 милиони евра.

ТЕКНОПАНЕЛ инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план предвидено е континуиран раст на платите.

Инвестициите кои се случуваат во нашата земја се резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ кој несомнено дава резултати.

Изминативе месеци, речиси секоја недела објавуваме една до две нови инвестиции, како заедничката на Јангфенг и АРЦ Аутомотив , ја отворивме и втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ во ТИРЗ, канадската МАГНА во зоната во Струга, фотоволтаична електрана во земјата на словенската ГЕН- И како и денешната инвестиција на компанијата од Турција, ТЕКНОПАНЕЛ.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Во моментов ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики кои што имаат потпишано договори со Владата. Дел од најновите инвеститори веќе имаат економски активности, а во следните два месеци до крајот на годината ќе презентираме уште 4 нови инвестиции.

Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.

Вака се бориме во кризата.

Со дела и одговорно работење.

Република Северна Македонија и Република Турција во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, што и исто така ја зголемува како и економската соработка. Да продолжиме заедно со засилено темпо кон што поголемо зголемување и унапредување на нашата соработка.

Уште еднаш честитки на менаџментот и на вработените кои се најголемата вредност и клучот за успехот на секоја компанија.

Ви благодарам.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...