Двочлена делегација од Општина Карпош составена од градоначалникот Стевчо Јакимовски и советничката Гордана Ивановски Велковска, од денеска присуствуваат во дводневна посета на збратимената општина Тиват. Имено, на покана на домаќините од Црна Гора, првиот човек на локалната самоуправа од Карпош и советничката Велковска, присуствуваат на одбележување на Деновите на општината.
Притоа, делегацијата од Општина Карпош оддаде почит пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Тиват, а исто така присуствуваше на манифестацијата по повод церемонијалното предавање на знамето на одредот на Бокељската морнарица. Во оваа пригода, Јакимовски и Велковска претпладне присуствуваа и на Свечената седница која се одржа во рамки на одбележување на 21. ноември, поточно денот на ослободување на градот Тиват.
Извор: Општина Карпош