spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Дел од улицата Прашка станува еднонасочна

Карпош: Дел од улицата Прашка станува еднонасочна

Започнувајќи од денеска, учесниците во сообраќајот ќе мора да се прилагодат кон новиот сообраќаен режим кој ќе важи на потегот од почеток на ул. Прашка до ул. Дамаска. Станува збор за пренасочување на досега двонасочниот сообраќаен режим во еднонасочен.

По тој повод, деновиве беше обележана нова хоризонтална сигнализација а денеска по должина на коловозот беше поставена и нова вертикална сообраќајна сигнализација. Во оваа пригода, Општина Карпош апелира до сите лица кои управуваат со моторни возила да се придржуваат кон пропишаните правила и прописи, со цел поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија