spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Домаќин на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“

Илинден: Домаќин на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“

Спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден завчера беше домаќин  на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“ на кој настапија над 250 борци од Македонија, Германија, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Србија и Република Српска (БиХ).

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека општината е посветена на спортот, гради спортски терени и вложува во спортската инфраструктура, задоволство и чест е да се биде домаќин на овој настан од меѓународен карактер.

Спортската сала „Гоце Делчев“ беше исполнета речиси во целост, технички организатор на турнирот беше Дан кју и  џиу џицу федерацијата на Македонија.

Општина Илинден секогаш ќе го помага спортот, спортските натпревари од домашен и меѓународен карактер.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...