spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Продолжува трендот на намалување на потрошувачката на електрична енергија кај државните...

МЕ: Продолжува трендот на намалување на потрошувачката на електрична енергија кај државните институции, министерствата во октомври оствариле 33% заштеда на струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 24% на потрошувачката на електрична енергија.

Во прилог Ви го доставуваме интегрално говорот на министерот Бектеши од прес-конференцијата.

„Како што и најавивме, согласно мерката којашто ја донесе Владата за заштеда на електрична енергија, Министерството за економија секој месец транспарентно ќе ги објавува податоците од сите државни институции и претпријатија за тоа колку се нивните месечни заштеди на електрична енергија.

Среќен сум да кажам дека после првичните податоци за месец септември за заштеда на електрична енергија од страна на државните институции трендот на намалување на потрошувачката на струја продолжува.

Така согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседател на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември.

Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат најмалку 15% намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата.

Пришто најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18%, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58%.

Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32%, кај Собранието заштедата во октомври е 22%, кај Кабинетот на Претседателот на државата 24%, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25%, а кај МЕПСО 22%.

Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24%.

Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33%.

Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24%, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94%. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50%, кај Министерство за локална самоуправа 58%, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44%, кај Министерството за труд и социјална политика 40%, Министерството за економија заштедило 30% електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за месец октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година се опфатени вкупно 19 јавни претрпијатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17%.

Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15% во месец октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со октомври 2021, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15%.

Во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа. Овие податоци за заштеда на електрична енергија, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди.

Сакам да упатам апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија. Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни.

Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки сè со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...