spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за соработка...

МО: Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, новото предлог-законско решение ќе биде завршено до крајот на годинава

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на меѓународната конференција „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“, која се одржа во рамки на „Деновите на приватното обезбедување“, во организација на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.

Во своето воведно обраќање, министерката Петровска рече дека критичната инфраструктура ги опфаќа системите и средствата кои се витални за значењето на една држава, при што нивното онеспособување или уништување би имало апсолутен ефект врз националната, економската и социјална безбедност. Затоа е неопходно, рече министерката, да се постигне свесноста и нивото на подготвеност на заштита на критичната инфраструктура во рамките на стратешкото управување по државата и нејзините институции, вклучително и изградба на интегрирана легислативна рамка во заштита на критичната инфраструктура.

„Ефикасен и ефективен систем на заштита на критичната инфраструктура може да постигнеме само врз основа на инклузивен процес и мултисекторски пристап. Заштитата на критичната инфраструктура е една од најоптималните области за воспоставување на партнерства на јавниот и приватниот сектор. Во новиот закон за критична инфраструктура, кој долго време се споменува и веќе се работи на него, ќе се најде и законска основа за понатамошен развој на оваа наша соработка. Несомнено, приватниот сектор во делот на обезбедувањето е дел од безбедносниот систем на државата и затоа во услови кога од институциите се бара рационалност и ефективност при користењето на финансиските и човечките ресурси се поставува прашањето како заедно да изградиме систем кој пред сè ќе и служи на државата, а бенефитот ќе го имаат граѓаните“, истакна министерката и изрази очекување дека новото законско решение ќе може да биде образложено пред Собранието до крајот на годинава.

Непосредно пред конференцијата, министерката Петровска имаше средба со Катерине Пијана, генерална директорка на Европската конфедерација на услуги за приватно обезбедување, со која разговараше за можноста за внесување на приватното обезбедување во националната регулатива како чинител во заштита на критичната инфраструктура.

Целта на конференцијата е размена на знаења, искуства и практики од реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...